Неевидентираните земјоделци потребата за движење да ја најават во кризниот штаб
Согласно актите на Владата и насоките од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинскиот кризен штаб во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

- Потребата за движење неевидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризниот штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности. ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА НАЈАВА: 075 273 192. Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности, - соопштуваат од кризниот штаб.
Кога се носат одлуки за рестрикција на движење се издвојуваат две групи според возраста за кои посебно се носат ограничувања, а тоа се над 67 години и под 18 год. Кога МЗШВ собира податоци и преку МИОА издава дозволи повторно овие две групи се исклучени од давање на дозволи.