Неисправна греалка причина за пожар во куќа во Ајдучка Чешма
22.12.2021 08:08
| Сузана Николиќ
Неисправна греалка предизвикала пожар во куќа на ул. 526 во населбата Ајдучка Чешма. Пожарот се случил вчера околу 13 часот, но благодарение на присебноста на сопственикот брзо бил изгаснат.

„Пожарот бил од мал интензитет и бил изгаснат од страна на сопственикот на објектот. Екипата на ТППЕ извршила контрола во период од 13,25 до 13,50 часот на опожарениот дел на објектот и утврдила дека истиот е ликвидиран. Причина запожарот - неисправна електрична греалка“, соопштуваат од Територијалната противпожарна единица Куманово.