Мени

Неколку улици без вода, а ќе се интервенира и на фонтаната „Четири бандери“

16.07.2020 08:21 | KumanovoNews

Поради интервенции на водоводната мрежа денеска неколку улици и локации во градот времено ќе останат без вода. Како што соопштуваат од ЈП „Водовод“ нивни екипи ќе работат на поправка на фонтана во градот и една пумпна станица.

Неколку улици без вода, а ќе се интервенира и на фонтаната „Четири бандери“

Денеска без вода ќе бидат потрошувачите на: ул. 30 Јули, ул. Стефан Филиповиќ, ул. Благој Думановски, ул. Браќа Миладиновци и бул. Октомвриска Револуција - комплекс Водовод.

Интервенции ќе се вршат и на Фонтаната „Четири бандери“, додека на пумпна станица Митев Мост ќе се изведува замена на пумпа.