Неколку улици без вода поради дефекти на водоводната мрежа
02.04.2020 09:13
| KumanovoNews
Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат потрошувачите на неколку улици во градот.

Според ЈП Водовод тоа се: бул. „Октомвриска Револуција“ (Табакана), ул. 302, нас. „Ајдучка Чешма“, ул. „Бранко Радичевиќ“.
Интервенција на канализационата мрежа ќе има на: ул. „Доне Божинов“, ул. „11 Октомври“ и бул. „Октомвриска Револуција“.