Нема да се поднесува годишна даночна пријава во УЈП
Граѓаните повеќе нема да ги носат даночните пријави на шалтерите во УЈП.

Пред неколку дена Владата донесе одлука за промена на начинот за пресметка на персоналецот и за поднесување на пријавите.
Според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.
Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци.
Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.
Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година
Експертите сметаат дека на овој начин ќе се намали просторот за малверзации со даночните пријави и ќе се намалат турканиците на шалтерите на УЈП.