Нема да се тестираат од коронавирус лицата кои немаат симптони, а поминале самоизолација
02.04.2020 11:20
| KumanovoNews
Сите граѓани коишто ќе поминат 14-дневниот карантин и самоизолација нема да се тестираат ако немаат симптоми на коронавирус, соопштуваат од Министерството за здравство.

- Согласно Заклучоците на Комисијата за заразни болести содржани во записникот бр. 09-982/34 од 31.03.2020 година, Министерството за здравство ги известува сите лица кои поминале период од 14 дена во самоизолација (домашна изолација) и немаат симптоми дека не е потребно лабораториски да се тестираат, - соопштуваат од Министерството за здравство.