Нема нови рестриктивни мерки за викенд, одлучи Комисијата за заразни болести
26.03.2021 15:31
| KumanovoNews
Комисијата за заразни болести денеска одржа редовен состанок, на кој одлучи дека нема да се дополнуваат мерките за заштита од коронавирусот.

На сила остануваат веќе донесените мерки за заштита и забрана за движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро, која ќе трае до 6 април.
Надлежните здравствени и локлани институции постојано апелираат да се почитуваат мерките за заштита, граѓаните да носат маски и да одржуваат дистанца.
Според здравствените власти државата моментално се наоѓа во третиот бран од коронавирус, а пикот веќе од следните недели ќе започне да се намалува.