×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема поделби во ЗНАМ, партијата никогаш не била посилна, тврди Димитриевски

    17.06.2025 08:40 | KumanovoNews

    Во ЗНАМ нема поделби и партијата никогаш не била толку јака како што е денеска, кажа претседателот Максим Димитриевски, по информациите во јавноста дека незадоволни членови од општинската организација во Куманово на локалните избори ќе одат со свој кандидат за градоначалник.

    Нема поделби во ЗНАМ, партијата никогаш не била посилна, тврди Димитриевски

    „ЗНАМ е нова политичка партија која што се шири од ден на ден се доекипира со нови капацитети. Што се однесува до сите опоненти јас ја почитувам одлуката на секоја индивидуа која ќе реши да се кандидира и да влезе во тој процес. Да се биде кандидат е поприлично голема работа, бидејќи јас сум бил кандидат и сум учествувал на избори, сум се стекнал со довербата на државата. Јас ќе трчам за трет мандат, тоа го потврдија од мојата политичка партија, а граѓаните ќе бидат ти што ќе ценат. Ништо не е вечно, или ќе го препознаат континуитетот или ќе бараат нешто ново. Она што можам да потврдам е дека во ЗНАМ нема неединство, ЗНАМ расте како политичка сила, не само во Куманово, туку на територијата на цела Македонија, стекнува епитет на респектабилна политичка партија, иако постоиме само 1,5 година сепак се развиваме многу сериозно“, кажа Димитриевски на вчерашниот брифинг со новинарите.

    Во однос на тоа што уште не се знае дали ќе добие поддршка од коалициските партнери, кажа дека преговорите се во тек.

    „Јас официјално сум и ќе бидам кандидат за градоначалник на Движење ЗНАМ - За наша Македонија, што се однесува до поддршката од нашите коалициони партнери, тие преговори се во тек, треба да резултираат некаде до крајот на овој месец, можеби и порано. Но, за тоа ќе мора да се обратите кај нив за да го дадат конечниот одговор. ЗНАМ како политичка партија е подготвена во Куманово да трча со најквалитетна листа на кандидати за советници и со веќе потврден кандидат“, додаде претседателот.

    Димитриевски кажа дека уште не се знае дали ќе имаат кандидат за градоначалник на Старо Нагоричане и дали носителка на советничката листа ќе биде жена.