×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема потреба од карантин и дополнителни мерки во Куманово, кажа Филипче

    14.04.2020 16:39 | KumanovoNews

    Mинистерот за здравство Венко Филипче смета дека нема потреба да се воведе карантин и да се прогласи кризна состојба во Куманово, како што предлага градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот кризен штаб, затоа што мерките коишто се на ниво на државата се доволни, а  новозаболените пациенти имале контакт со веќе заболени лица.

    Нема потреба од карантин и дополнителни мерки во Куманово, кажа Филипче

    Доколку се појават пациенти кои не се поврзани со веќе дијагностицираните лица, тогаш ќе се разгледуваат други мерки, најави министерот на днешената прес-конференција.

    - Еден од критериумите и информациите врз основа на кои ги носиме одлуките, па и во насока на тоа дали треба некои дополнителни мерки, се од тоа од каде се докажаните пациенти, во смисла на тоа дали се од луѓето коишто ги имаме во предвид, луѓе што ги пратиме, значи тие што се како примарни контакти во автоизолација, заради симптоми со луѓе кај кои е дијагностицирана болеста. Тоа е една од причините зошто во рамки на Комисијата за заразни болести не се носи поинаква одлука. Морам да кажам дека секојдневно ја следиме ситуацијата и доколку ако има други информации за појава на поголем број пациенти коишто не можат да се поврзат со веќе дијагностицираните не е исклучена можноста, но во овој момент немаме таков голем број, можно е да разгледуваме и други мерки, но засега не,- изјави Филипче.

     Тој додаде дека Дебар е ставен во карантин затоа што немало други мерки во државата како што е сега. Филипче потсети дека во Куманово веќе подолго време нема јавен градски и меѓуградски превоз, а донесени се и мерки за рестрикција на движењето и дава простор ситуацијата во наредниот период да се следи.

    Тој најави и дека во деновите пред Велигден  четврток, петок и сабота ќе има прегледи и тестирања, за да се задржи динамиката и ако се изнуди потреба ќе се носат други мерки.

    Денеска Општинскиот кризен штаб побара од Владата да ја издвои Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Владата, со дополнителна 14-дневна и 24-часовна изолација -карантин во посебни услови, кој ќе важи од петок (17.04.2020) и ќе трае до понеделник ( 04.05.2020).

    Во Куманово денеска се потврдени нови 25 случаи на коронавирус, а двајца починаа. Вкупниот број на заболение е 236, а починати 12 лица.