×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема заболени од коронавирус меѓу здравствените работници кои денес беа тестирани

    15.04.2020 18:01 | KumanovoNews

     Нема новозаболени здравствени работници од КОВИД -19, покажале резултатите од тестирањето коешто денеска е спроведено на 210 вработени во Кумановската болница, соопшти попладнево министерот Венко Филипче по работна посета на Општата болница Куманово.

    Нема заболени од коронавирус меѓу здравствените работници кои денес беа тестирани

    „Денеска спроведовме тестирање кај 210 вработени со серолошки тестови. Резултатите досега покажаа дека нема суспектни медицински лица и тие се во добра здравствена состојба. Со оваа стратегија на тестирање ќе продолжиме и понатаму и ќе ја применуваме на целата територија на државата прво меѓу здравствените работници, а потоа и меѓу граѓаните“, - изјави Филипче.

    Од околу 700 вработени, во Кумановската болница заболени со коронавирус се 47 здравствени работници, а околу 80 се во самоизолација.Сите позитивни се во стабилна здравствена состојба и немаат тешка манифестација на болеста.

    „Голем проблем тука се здравствените установи, коишто во одредени моменти се третираа и како извор на проблемот. Поради тоа, вчера донесовме одлука за масовно тетирање на сите здравствени работници во општината. Уште од денеска се почна со 200 тестирања. Идејата е сите здравстевни работници, независно дали биле во контакт или не, независно од која хиерархија се, од директорот до последниот вработен да бидат тестирани. На тој начин ќе можеме да ги изолираме тие што се позитивни, а се асимтоматски“, кажа вицепремиерот и командант на Централниот кризен штаб Бујар Османи, кој денеска присуствуваше на седницата на Советот на Општина Куманово, со цел лично да ги чуе барањата и проблемите на локалните претставници на граѓаните. 

    Министерството за здравство во петок ќе се направи дополнителна едукација  во Кумановската болница за да се надгради знаењето на медицинскиот персонал во справување со коронавирусот.