Мени

Непречено се гради пругата Куманово-Бељаковце

25.04.2020 18:52 | KumanovoNews

 Ниту еден проект не е запрен поради пандемијата на коронавирусот, а се работи на изградба на патишта, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови, тврди министерот за транспорт Горан Сугарески.

Непречено се гради пругата Куманово-Бељаковце

Министерот Сугарески истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски изнесува 10 проценти. Потенцираше дека активно се работи на патната мрежа низ цела држава, на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, на изградба на двата магистрални гасоводи, на железницата и на изградба на преку петстотини социјални станови.

- За изградба на пругата од Куманово до Бељаковце до сега реализирани се 70 милиони денари или 17 проценти од планираните средства, а во однос на делницата Бељаковце-Крива Паланка сакам да истакнам дека тендерската постапка за избор на изведувач е во тек и очекуваме до крај на годинава тендерот да заврши,- изјави министерот  Сугарески.

Интензивно се гради и комуналната инфраструктура во Индустриската зона Визбегово, се работи и во Битола, Кавадарци, Радовиш, Велес, Теарце, Липково, Чашка и други општини во државата.