Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер за престојниот викенд
Денес попладне и во наредните два дена ќе провладува поменливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„Локално, особено утре (сабота ) ќе има услови за краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Температурите ќе бидат од 29 степени во текот на денот , до 17 степени во ноќните часови“, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во недела и понеделник ќе дува засилен северозападен ветер, со што ќе дојде до мало опаѓање на температурите. УХМР препорачува во случај на појава на грмотевици и громови на зголемена внимателност, да не се престојува на отворени простори и да не се бара засолниште под осамени дрвја.
(О.П.)