×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неуролошкото и психијатриското одделение дислоцирани во Центарот за зависности и стариот Ургентен центар

    02.11.2020 16:06 | KumanovoNews

     Поради отворањето на вториот ковид центар на одделениејата за психијатрија и неврологија во Општата болница Куманово, од денеска пациентите кои имаат потреба од лекување на овие два оддели ќе бараат здравствена заштита во стариот Ургентен центар и во бараката на Центарот за зависности .

    Неуролошкото и психијатриското одделение дислоцирани во Центарот за зависности и стариот Ургентен центар

    Од болницата утринава ги информираа пациентите за дислокација на одделенијата.

    - Согласно моменталната состојба со ковид-19 во нашата држава и следејќи ги препораките на Министерството за здравство, должни сме да ги прошириме нашите капацитети за прием и третман на болни од корона вирус.Во Општа болница Куманово, се отвара нов ковид центар - инфективно 2 на место на одделот психијатрија и  неврологија. Ве известуваме доколку имате потреба од невролошки преглед, упатете се во стариот Ургентен центар, каде што ќе има достапно дежурен лекар невролог, а психијатриските прегледи се во бараката Центар за зависности, каде што ќе има достапно лекар психијатар и психолог. Пациентите со симптоми на ковид-19 пациентите ќе се примаат на инфективно одделение каде што ќе се врши тријажа, согласно здравствена состојба на пациентите, - соопштуваат од Општа болница Куманово.

    Пациентите со невролошки проблеми, кои имаат термини од матичен лекар, како и до сега на преглед ќе одат во невролошката амбуланта каде што се и интернистичките амбуланти во административната зграда. Додека оние што се со приоритетни упати и итни случи во стариот Ургентен центар, објаснуваат од болницата.

    Од болницата информираа дека новиот број на установата е 031/420-676.