×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Незадоволната странка има право на жалба, велат од Кумановскиот суд по пресудата за клевета на пратеникот Петрушевски

    17.11.2023 17:26 | Сузана Николиќ

    Против првостепената одлука на судот, незадоволната странка има право на жалба, која ќе биде предмет на оценка од повисоките судови, велат од Основниот суд Куманово, по јавните преписки и обвинувања на пратениците Бране Петрушевски и Мартин Костовски, по пресудата за клевета.

    Незадоволната странка има право на жалба, велат од Кумановскиот суд по пресудата за клевета на пратеникот Петрушевски

    "Основниот суд Куманово, врска со предметот за кој постои јавен интерес - постапката за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на штета, во која странки се двајца пратеници во Собранието на РСМ, во својство на тужител и тужен, ја известува јавноста дека постоење или непостоење на одговорност на тужениот, како и на евентуални основи за исклучување на одговорноста, се утврдува во текот на судската постапка, врз основа на презентираните докази, примена на позитивните законскита прописи, а по слободно судиско уверување, а во образложение на секоја одлука се наведуваат и причините, поради кои одлуката е донесена и прописите кои се применети при одлучувањето. Против првостепената одлука на судот, како што е тоа во кон кретниот случај, незадоволната странка има право на жалба, која ќе биде предмет на оценка од повисоките судови“, соопштуваат од Кумановскиот суд.
            
    Отааму додаваат дека секое јавно арбитрерно толкување на закони од јавноста, како и коментари на конкретни судски постапки и судски одлуки кои се во тек и кои не се правосилно завршени, особено кога доаѓаат од претставници на законодавната или извршната власт, претставуваат вид на напад врз самостојноста и независноста на судската власт, обид за притисок и влијаните врз судовите на исходот на судската постапка, но и чин со кој се доведува во заблуда јавноста за работата на судовите, се нарушува угледот на судот и често и на судијата кој постапува по предметот, се зголемува недовербата на јавноста во судството, со цел остварување на одредени цели.