×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ноќеска гореше сува трева во Средорек и Пармакови ниви

    05.07.2025 09:40 | KumanovoNews

    Ноќеска по 23 часот во населбата Средорек под пругата избувна пожар и зафати поголема површина со сува трева. 

    Ноќеска гореше сува трева во Средорек и Пармакови ниви

    По интервенција на Противпожарната единица пожарот беше изгаснат и не се прошири кон куќите во населбата Багрем Бања.

    „На опожарена сува трева на ул. Доне Божинов интервениравме од 23,55 до 00,20 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари“, соопшти РЦУК.

    Во текот ноќта имало опожарено стрниште во Пармакови ниви во временски период од 01,40 до 02,00 часот .

    Густ чад ги обвитка населбите околу пожарите. И утринава загадувањето на воздухот е над дозволеното и изнесува 55 мг/м3.

    Жителите на урбаната заедница  „Панче Пешев“ во Куманово, пред неколку дена излегоа на протест, токму поради ваквите палења во текот на ноќта. Од густиот дим и загадениот воздух не може да се диши ни дење ни ноќе, па се принудени 24 часа да седат затворени во становите. Тие бараат од Општина Куманово и другите надлежни служни, МВР и Државниот инспекторат за заштита на животната средина,  да преземе конкретни мерки со кои ќе се спречи загадувањето на воздухот, кое го предизвикуваат жителите од другата страна реката од населбите Средорек, Бавчи и Стари Лозја и Перо Чичо.

    Тие обвинија дека нивното здравје е загрозено затоа што надлежните не си ја вршат работата и не ги санкционираат несовесни граѓани, кои палат гуми, пластика и смет од дивите депонии кои се создадени во овие населби и по течението на реката Кумановка.

    Доколку за 15 дена не се преземе ништо за решавање на проблемот ќе го блокираат булеварот Октомвриска Револуција. 

    Поради проблемите со пожарите и загадувањето на Куманово, заседаваше и Општинскиот штаб за заштита и спасување. Притоа беше договорено да се исчисти ѓубрето од дивите депонии и да се постават контејнери на критичните места во Бавчи, Стари Лозја, Багрем бања Средорек и на влез во населба Перо Чичо. Комуналната инспекција во соработка со СВР Куманово да ги откријат граѓаните кои фрлаат и палат отпад, како и да се воводе позорникарски служби во попладневните часови на посочените локации.

    Кумананово е на врвот на загадените градови во државата, поради неконторлирано палење на смет, непланско градење, густ сообраќај и валканост, а во зима и поради греењето на дрва.