Нормализиран сообраќајот на автопатот Куманово-Скопје
24.10.2025 15:03
| KumanovoNews
Во 13:30 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром кон Куманово, сообраќајот е нормализиран, соопшти АМСМ.
„Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес“, соопшти МВР.





