×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нормализирано водоснабдувањето во градот

    16.07.2015 16:18 | KumanovoNews

     Водоснабдувањето во високите зони од Куманово денеска е нормализирано. Жителите на Черкезско село и останатите населби утринава добиле вода.

    Нормализирано водоснабдувањето во градот

    Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски потврди дека нема прекин во водоснабувањето во градот.

    Од утринава вклучен е бај-пасот преку кој добиваме 110 литри во секунда вода.  Сега вкупните количини изнесуваат од 330 до 350 литри вода во секунда, што е доволно за нормално водоснабдување на градот во летниот период. Доколку поради празникот Рамазан Бајрам има енормна потрошувачка, можни се повремени прекини, но тоа ќе биде краткотрајно,- изјави Стојковски.

    Директорот апелира граѓаните рационално да ја трошат водата и да избегнуваат полевање на дворовите и бавчите.

     Поради проблемот со водоснабдувањето, вчера, жителите на Черкеско село еден час го блокираа стариот пат Куманово-Скопје.