Нов случај на голема кашлица во Куманово, заразено 17 -годишно момче
Во Центарот за јавно здравје Куманово, регистриран е нов случај на заразен од голема кашлица, станува збор за 17-годишно момче. Вкупната бројка на заболени во Куманово е 26, а во Североисточниот регион вкупно 31 лице.

Пациентот е во добра здравствена состојба, се наоѓа на домашна нега под строг лекарски надзор, како и во предходниот случај на 11 годишното момче. Се работи за целосно вакцинарани деца во добра општа состојба, но кои ќе мора да поминат одреден временски период во изолација“, појасни епидемилог д-р Едита Рамизи, од ЦЈЗ Куманово.
Епидемија на голема кашлица за град Куманово беше прогласена на почетокот на април. Освен во Куманово регистрирани се по два случаи во Кратово и Крива Паланка и еден во Липково.
Возраста на заболените од голема кашлица во Североисточниот регион се движи од 4 -месечно бебе до возрасен човек од 60 години, а меѓу заболените се лица со различен вакцинален статус.