Нова измама со огревно дрво во Куманово
17.09.2022 14:55
| Сузана Николиќ
75-годишна жена од Куманово вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 денари.

Според пријавеното, откако лицето и понудило огревно дрво, таа му ги дала парите, по што заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.