×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова владина одлука - се спречува злоупотребата на службени возила

    07.09.2021 14:33 | Сузана Николиќ

    На денешната владина седница донесена е одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата.

    Нова владина одлука - се спречува злоупотребата на службени возила

    „Со новите одре​д​би, секое користење на службенте возила мора да одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности“, вели претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски.

    Одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција.

    Ова е уште една владина мерка во насока на рационално користење на службените ствари и буџетските средства. Во изминатиот период се донесе и веќе се применува одлуката со која се ограничуваат тро​ш​оците за угостителски услуги за работни состаноци од страна на носителите на јавни функции, а со измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија се ограничуваат надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори и се намалува на бројот на членови на управни и надзорни одбори.