Нови 128 казни за брзо возење
08.11.2021 15:44
| Жаклина Цветковска
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата и вчера спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возила.

Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат
сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.