×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови 13 случаи на коронавирус во Куманово и 8 во Липково

    21.07.2020 14:07 | KumanovoNews

     По подолг период, се зголемува бројот на заразени во кумановско. Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се регистрирани нови 21 случај на позитивни на ковид-19.

    Нови 13 случаи на коронавирус во Куманово и 8 во Липково

    Од нив 13 се во Куманово и 8 во Липково.

     „Се работи за пациенти од познати кластери, кои веќе имале некој заболен во семејството. Очекуваме во наредните денови бројот на заболени да порасне, како последица од предизборната кампања, во која не се почитуваа протоколите и мерките за социјална дистанца и заштита“, - вели Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.  

    Денеска направени се 58 тестирања, 21 по Мој термин и 37 контролни тестови.

     Досега во Центарот за јавно здравје регистрирани се вкупно 933 заразени од општините: Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Активни се 247 пациенти, а 18 се лекуваат на инфективното одделение во Кумановската болница.

    Во последните 24 часа во државата направени се  1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.

    По градови:Скопје 52, Куманово 21, Дебар 2, Штип 33, Тетово 4, Струга 7, Велес 2, Битола 5, Охрид 1,Кавадарци 4, Гостивар 17, Струмица 2, Кочани 2, Пробиштип 2, Демир Хисар 3, Македонски Брод 1, Свети Николе 3, Кичево и 1 Ресен 1. Нема починати пациенти.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412, бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040.

    (С.Н.)