×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови 14 дена вонредна состојба во земјата прогласи претседателот Пендаровски

    30.05.2020 20:06 | KumanovoNews

     Нова вонредна состојба од 14 дена прогласи шефот на државата Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност.

    Нови 14 дена вонредна состојба во земјата прогласи претседателот Пендаровски

    „Имајќи го во предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица, во текот на денешниот ден ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре. Тука сакам посебно да нагласам дека одлуката за новите 14 денови е поврзана исклучиво со намерата да и се овозможи на владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат, пред се со здравствените, но и со економско социјалните ефекти од пандемијата и нема никаква корелација со датумот на парламентарните избори што е предмет на договарање во поинаков политички формат и по сосема други комуникациски канали, различни од Советот за безбедност“, - рече во свеото обраќање Пендаровски.

    Тој им се заблагодари на мнозинството граѓани што ги почитуваа владините мерки за борба и сузбивање на пандемијата со коронавирус, издржаа три месеци и уште почитуваат, но апелираше да не се опуштаме, бидејќи вирусот е присутен, лек, односно вакцина, се уште нема.