×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови 15 случаи на коронавирус во Куманово, 9 во Липково

    12.06.2020 13:19 | KumanovoNews

     Здравствени работници и вработени во државни институции се меѓу 24-цата новозаболени од коронавирус во Куманово и Липково.

    Нови 15 случаи на коронавирус во Куманово, 9 во Липково

    Според информации од Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска се регистрирани нови 15 случаи во Куманови и 9 во Липково.

      „ Позитивни се три медицински сестри и еден техничар на Инфентивното одделение во Кумановската болница, доктор кој работи во Скопје, четворица пазарни инспектори и еден санитарен инспектор. Новите случаи во липковско се главно од познати кластери“,  велат од Центарот за јавно здравје Куманово.

    Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита коишто ги препорачува Владата, за да не се шири вирусот.

    Во Липковско новозаболени по села: Слупчане-2, Липково-2, Матејче-2, Лојане и Ваксинце по еден.

    Во Куманово има 46 активни случаи со коронавирус, во Липково 156 и еден во Старо Нагоричане.

      Денеска се направени околу 50 тестирања на КОВИД-19, околу 25 во липковски, а останатите на мој термин и контролни тестови.

    Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19 во:

    Скопје 85, Куманово 24, Дебар 3, Штип 5, Прилеп 3, Тетово 18, Струга 5, Охрид 9, Гостивар 2, Гевгелија 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Валандово 1, Свети Николе 2, Ресен 2 и Неготино 1.

     Починати се две лица од Скопје и Тетово.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје 3, Прилеп 6, Струга 1, Велес 1 и Виница 1.

    (С.Н)