Нови 27 случаи и 23 оздравени од ковид-19 во Куманово

13.01.2021 - 19:20

 Во последните 24 часа направени се 2543 тестирања, а регистрирани се 477 нови случаи на ковид-19.

Нови 27 случаи и 23 оздравени од ковид-19 во Куманово

По градови во:Скопје-221, Куманово-27, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.

Со тоа вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.590, бројката на оздравени пациенти е 68.695, на починати е 2.657, а бројот на активни случаи изнесува 16.238.

Десет лица починаа од компликации од ковид-19 изминатите 24 часа. Од починати 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од: Скопје-126, Куманово-23, Дебар-8, Штип-1, Прилеп-21, Тетово-14, Струга-18, Велес-9, Битола-15, Охрид-21, Кавадарци-16, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-7, Крива Паланка-14, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-2, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-3, Неготино-9.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk