Нови кошаркарски табли и обрачи се поставуваат на место на старите
10.07.2020 11:30
| KumanovoNews
Во тек е замена на постоечките со нови кошаркарски табли и обрачи на спортските терени во градот во организација на КК Куманово и Општина Куманово.
„Со професионални димензии и висок квалитет, овие денови се заменуваат старите кошаркарски табли и обрачи на терените низ градот. Обновени беа таблите и обрачите на теренот пред спортската сала и на местото „Кошеви“ во населбата Гоце Делчев. Истата акција треба да се спроведе и во село Проевце“, - велат од Управата.
Претходно, несовесни граѓани ја демолираа таблата за време на полициски час. Од управата на клубот потенцираат дека ова се’ работи за поттикнување и нормално спортување на најмладите.
Се планира реновирање и средување на сите игралишта и во школските дворови.
(Д.Давитковски)

