13. 07. 2020 21:09

Нови осум случаи на ковид-19 во Куманово

Нови осум случаи на ковид-19 во Куманово

Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистирани се 8 новозаболени од коронавирус. Досега во Куманово и Липково заразени се 862 лица, а активни 194.

Во последните 24 часа регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, а направени се 973 тестирања. По градови: Скопје 30, Куманово 8, Штип 13, Струга 11, Кичево 8, Прилеп 5, Тетово 3.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk