Нови судски преведувачи во Куманово
09.06.2014 12:38
| KumanovoNews
Осум судски преведувачи од Куманово добија решенија за работа минатиот месец по извршено тестирање од Министерството за правда.
Тие за преведување на документи на повеќе јазици ќе ги опслужуваат граѓаните и судот.
Во Куманово има над 80 судски преведувачи кои работат преводи на германски, англиски, француски, италијански, албански, бугарски, српски, португалски, шпански и руски јазик.