Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово издала само две „Б“ интегрирани еколошки дозволи на две приватни претпријатија за интегрално спарвувањеи контрола на загадувањето.
Оваа новина е опфатена во Законот за животна средина донесена од 2005 година, со кој сопствениците што отвараат нова фирма ќе мора да ја имаат оваа дозвола или пак елаборат кој што го издава општината.
Дозволата „Б“ и елаборатот го издава општината, согласно процесот на децентрализација, додека дозволата „А“ ја издава министретвото за животна средина - информира Бобан Бојковски овластен животен инспектор.
До општината досега само осум фирми поднеле барање за издавање елаборат, преку кој се проценува влијанието на фирмите врз загадувањето на животната средина.
Сите фирми од металната, хемиската индустрија, преработката на метали, како и преработувачите на месо, млеко и останати фирми мора да ја имаат оваа дозвола или елаборат.