Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Трите метларки, коишто ЈП "Чистота и зеленило" од Куманово, ги доби од Центарот за развој на североисточниот плански регион, освен што ќе бидат наменети за одржување на хигиената на улиците, ќе се користат и за чистење на снег.
- Се работи за една поголема метларка и две помали метларки коишто треба да бидат во функција за чистење и метење на улиците во централно градско подрачје. Малите метларки можат да се користат и за чистење на снег, на нив им се вградени ножеви за чистење на снег, па доколку има снежни врнежи ќе ги искористиме за чисетње на тротоарите, плоштадите, зелените површини, за сѐ она што е во програмата за зимско одржување, во надлежност на ЈП „Чистота и зеленило“,- вели директорот Даниел Стојчевски.
Досега улиците се метеа и снегот од јавните површини се чистеше рачно.
Трите метларки чинат 8.982.936 денари, а средствата се обезбедени од проектот за развој на плански региони „Подобрување на условите за рурален развој на туризмот и мобилност во СИПР, фаза 4“ кои ги спроведува Бирото за регионален развој од Министерството за локална самоуправа.