×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ново возило за Дневниот центар за лица со посебни потреби од Крива Паланка

    30.08.2021 12:02 | Жаклина Цветковска

    Дневниот центар за лица со посебни потреби од Крива Паланка доби ново специјализирано возило, наменето за штитениците од оваа установа.

    Ново возило за Дневниот центар за лица со посебни потреби од Крива Паланка

    Возилото е обезбедено во рамки на проектот „Социјална инклузија на корисници на дневни центри за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт“, преку Советот за социјална заштита на Североисточниот плански регион, со поддршка на Швајцарската развојна агенција.

    Вредноста на специјалното возило изнесува 2.140.000 денари.

    „Општина Крива Паланка е лидер во процесот на децентрализација на социјалните услуги и грижата за различните целни групи во заедницата“, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски при врачувањето на возилото.

    На примопредавањето присуствуваа и вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

    Овој дневен центар за лица со посебни потреби беше првоотворена установа од ваков вид во државата и функционира во рамките на Центарот за социјални работи од Крива Паланка и министерството за труд и социјални работи.