Новогодишен концерт на Мартина Аврамовска и Андреј Наунов во Центарот за култура
27.12.2022 07:43
| Оливера Пешевска
Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва од 20 часот новогодишен концерт на пијано ќе одржат Мартина Аврамовска и Андреј Наунов, солисти во Македонската опера и балет од Скопје.

„Ги поканувам сите кумановчани да дојдат на новогодишниот концерт и сигурен сум дека ќе уживаат во еден убав настан при крајот на годината“, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.