Новогодишна честитка од градоначалникот Димитриевски
31.12.2019 20:06
| KumanovoNews
Градоначалникот Максим Димитриевски, упати новогодишна честитка до сите граѓани на Општина Куманово.
Во Новата година Ви посакувам добро здравје, успех, многу среќа на секое поле од секојдневниот живот. И оваа година да продолжиме, со заеднички сили, да го градиме патот исполнет со нови предизвици, кои ќе донесат подобро Утре за нас и нашите најблиски. Да се радуваме на секој нов ден, знаејќи дека свесно придонесуваме за напредок на заедницата и повисоко ниво на општественото живеење. Среќни Новогодишни празници, стои во честитката на градоначалникот.

