Новогодишни честитки за хуманитарни цели
12.12.2014 12:25
| KumanovoNews
Волонтерите на Црвен Крст од понеделник ќе продаваат рачноизработени новогодишни честитки, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

“Наши волонтери честитките ќе ги продаваат на Градскиот плоштад, по дуќани и маркети по симболична цена од 30 денари. Имаме на располагање стотина честитки. Оваа акција ја правиме традиционално секоја година пред Новогодишните празници„ - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.
Од 22 до 31 декември во маркет “Туш“ волонтерите ќе изработуваат и веднаш ќе продаваат новогодишни украси, а парите ќе бидат донирани за хендикепираните лица.