×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • НРЦ со бесплатна правна помош за социјално ранливите категории на граѓани

    10.03.2020 11:14 | KumanovoNews

    Здружение Национален ромски центар од Куманово, денеска пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово одржа отворен информативен ден, на кој го презентираше проектот кој нуди  бесплатната правна помош на ромската популација и други категории на социјално ранливи граѓани.

    НРЦ со бесплатна правна помош за социјално ранливите категории на граѓани

    Главната цел на проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории" е да се подобри пристапот и да се подигне свесноста на граѓаните за бесплатна правна помош.

    Преку овој проект, граѓаните може да добијат правен совет, упатување и објаснување за најразлични прашања од најразлични области коишто се и во граѓански, судски и управни постапки, а доколку подоцна им е потребен адвокат поднесуваат барање и по тоа барање се одлучува дали ќе им се додели адвокат.

    Катерина Шоjиќ, координатор на проектот, вели дека според податоци во Куманово годишно најмалку 400 граѓани се обраќаат за бесплатно правна помош и ги повикува лицата на коишто им е потребна помош да се пријават, бидејќи проектот завршува до декември 2020 година.

    - Наша цел денес е да ги промовираме тие новини, за поголем број на граѓани да дознаат за ова законска регулатива и да се искористат. Во Куманово граѓаните најчесто се пријавуваат за имотно правни проблеми, па се` до регулирање на граѓански статус, до постапки како што се извршување, утврдување на татковство. Сме имале и постапки каде што жртви евидентирани на семејно насилство побарале понатаму правна помпш во судска постапка за развод,- додава кооординаторката на проектот Шоjиќ.

    Во Куманово граѓаните можат да се обратат во подрачното одделение на Министерството за правда и во НРЦ.

    Воедно, од НРЦ Куманoво, велат дека во согласност со идентификуваните потреби на граѓаните, ќе се организираат и дополнителни домашни посети и состаноци со правниот тим на проектот.

    Во рамките на проектот, ќе организираат шест отворени информативни денови за заедницата, по еден во секоја од целните општини. Настаните ќе бидат промовирани преку локалните медиуми, но и преку страниците на социјалните медиуми на партнерските организации.

    Овој проект го спроведува НРЦ од Куманово во партнерство со Симбиозис 12 го спроведува проектот, со поддршка на Европска Комисија преку грантовата шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“ која ја спроведува Министерство за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување на договори.