НСДП ќе бира ново општинско раководство, Јаќимовиќ најсериозен кандидат за претседател
Советникот Благојче Јаќимовиќ е најсериозен кандидат за претседател на општинската организација на НСДП Куманово.

Четвртата општинска изборна конференција на НСДП ќе се одржи во среда во 18.30 часот, во Занаетчискиот дом, а покрај делегатите ќе присуствуваат и претседателот на НСДП Тито Петковски, потпретседателот Горан Мисовски, министер без ресор Зорица Апостоловска и други гости.
На оваа Конференција ќе биде извршен избор на новото општинско раководство, односно ќе биде извршен избор на членови на надзорен одбор извршен одбор и претседател на општинската организација. Ново избраните органи ќе раководат со општинската организација во наредните четири години, - соопштуваат од партијата.