НСДП ги повика граѓаните да гласаат за коалицијата „Можеме“
Претседателот на општинската организација на НСДП Куманово, Благојче Јаќимовиќ, ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите во среда, бидејќи тие се клучни за иднината на земјата.

„ Наша одговорност како политичари е да се развива земјата и да оди напред, но подготвени сме и на критики кои чесно ќе ги прифатиме. Но, на 15 јули да ги оставиме поделбите на страна и да се сплотиме пред изборот и одлуката. Знаеме колку многу е потребно да се излезе на изборите и да победи коалицијата Можеме, знаеме дека масовно треба да излеземе и да гласаме сите. Сечиј глас е важен и затоа се обраќам до сите наши граѓани Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци,Власи и друте, да излезат на 15 јули и гласат за иднинта на земјата, за иднината на децата. Да ја подржиме коалицијата Можеме со која ќе продолжиме уште повеќе и уште подобро. Па затоа почитувани сограѓани, почитувани членови и симпатизери на Нова социјалдемократска партија ве повикувам во среда на 15 јули да излеземе масовно и да дадеме глас за опцијата Можеме уште повеќе уште подобро, под реден број 3 и за нашиот сограѓанин и актуелен премиер и носител на ИЕ 2 г-дин Оливер Спасовски“, - изјави Јаќимовиќ.