×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нудиме прогресивна програма со реално остварливи проекти, најави Димитровска

    27.09.2021 11:34 | Сузана Николиќ

    Авангардноста и прогресивноста на движењето коешто го застапувам како кандидатка за градоначалничка на општина Куманово, се огледа токму од фактот дека јас како најмлада сум кандидирана да бидам претставник во една од најголемите општини во нашата држава, кажа на денешната прва прес конференција на почетокот на кампањата, кандидатката за градоначалничка од ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска.

    Нудиме прогресивна програма со реално остварливи проекти, најави Димитровска

    „Сметам дека ова е исклучителен значаен чекор за нас младите затоа што можеме да видиме дека нашето движење има најмогу млади и најмогу жени во самите листи, но и како кандидати за градоначалници. На овие избори ние настапуваме како тим, а не настапуваме сами, односно тоа се луѓе коишто ќе бидат нова генерација на политичари на Куманово. За мене исклучително важно е тоа што ние имаме да понудиме предлози, решенија и идеи коишто дојдоа од самите граѓани.   Оваа програма ќе биде прогресивна со сите реално остварливи мерки, а не со некои шпекулативни проекти и програми“, изјави Димитровска.

     Таа додаде дека нудат излез од црно-белиот свет и најави дека во периодот што следи ќе ги претстават поединечно сите предлози кои ги нудат и заедно со нивните советници во идниот совет ќе се борат за нивна реализација.