Обид за грабеж на менувачница на „Илинденска“
16.03.2021 14:32
| KumanovoNews
Непознато лице вчера попладне се обидело да ограби вработена во менувачница во центарот на Куманово.

Нападот се случил во 18.40 часот во менувачница на улица „Илинденска“ во Куманово, кога едно лице со закана кон вработената и се обидело да одземе пари од дневниот промет.
Според пријавеното, откако вработената успеала да ја затвори сигурносната врата и да повика помош, лицето побегнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.