Обид за грабеж во менувачница ?
22.07.2015 13:41
| KumanovoNews
Непознато лице наводно се обидело да ограби менувачница во центарот на градот, која се наоѓа спроти зградата на Уред до пералницата за коли.

Според очевидци, нападот се случил околу 14 часот, кога момче влегло во објектот и го нападнало вработениот прскајќи го со спреј во очите. По кратка расправија, напаѓачот истрчал и си заминал кон Градскиот плоштад. По пат му паднале очилата .
Од полицијата велат дека работат на утврдување на деталите за настанот, по што ќе излезат со информација дали се работи за обид за разбојништво или нешто друго.