Обид за обљуба врз вработена во касарната „Боро Менков“
21.11.2019 15:22
| KumanovoNews
Вработена во АРМ пријавила дека колега се обидел да изврши обљуба врз неа.

Пријавата во Кумановската полиција била поднесена завчера во 19.20 часот. Вработената во АРМ кажала дека на 18.11.2019 околу 13.00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа.
Известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.