×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен јавниот повик за млади земјоделци, годинава финансиска поддршка е зголемена на 20.000 евра

    10.02.2020 20:53 | KumanovoNews

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави јавниот повик за мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“.

    Објавен јавниот повик за млади земјоделци, годинава финансиска поддршка е зголемена на 20.000 евра

    Од денеска до 3-ти март годинава сите млади земјоделци до 40 години ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство. Оваа година финансиската поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.

    „ Оваа неповратна финансиска поддршка, младите луѓе ќе можат да ја искористат за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на нивните семејни земјоделски стопанства“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

    Условот за користење на финансиската поддршката е, корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, носителот на земјоделското стопанство да нема повеќе од 40 години на денот на поднесување на барањето за поддршка, и земјоделското стопанство да не користело помош од мерката 112 Млади земјоделци. Со ваквиот критериум им се овозможува на сите оние кои не добиле финансиска помош од оваа мерка по претходниот повик, да можат сега да поднесат барања.

    Финансиската поддршка до 20.000 евра е наменета за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.