Објавен конкурсот за изложбата „Скици 2025“
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово го распиша конкурсот за учество на изложбата „Скици 2025“.

На конкурсот можат да учествуваат сите академски уметници кои работат на територијата на Општина Куманово, со право на пријавување до три цртежи.
Целта на проектот е промоција на цртежот изработен од академски уметници од Куманово.
Изложбата нема зададена тема, а слободен е и изборот на техниката. Единствено ограничување е форматот – цртежите не треба да бидат поголеми од 100х70 см.
Изложбата во Центарот за култура ќе се одржи во првата половина на ноември.
По завршениот циклус на претставување на цртежите истите ќе се вратат на авторите.
Рокот за пријавување е до 25 октомври, а сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации на 031/ 415-099.