Објавен оглас за вработување на деца без родители
10.12.2014 12:43
| KumanovoNews
Министерството за труд и социјална политика денеска објави оглас за вработување на 30 лица, кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа.

Аплицирањето може да се врши во наредните 20 дена. За понудените работни места се бараат 15 лица со високо образование и 15 лица со средно образование. Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на веб страната на МТСП и на Агенцијата за администрација.