×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен огласот за практиканство

    01.02.2020 10:09 | KumanovoNews

    Агенцијата за вработување го објави огласот за мерката практиканство, како прва од повеќето мерки кои ги содржи Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2020 година.

    Објавен огласот за практиканство

    Услов кој што треба да го исполнат невработените лица за да можат да аплицираат на овој повик е да се  до 34 годишна возраст, невработени, активни баратели на работа, со минимум основно завршено образование и да немаат работно искуство согласно образованието. За период од 3 месеци државата за нив ќе обезбеди финаниска поддршка во износ од 9000 денари месечно.

    - Најатрактивна мерка во Центарот за вработување во Куманово, минатата година беше мерката практиканство. Во неа беа вклучени 152 работодавачи и 194 невработени лица. Ги повикуваме невработените лица  и работодавачите да аплицираат навреме, бидејќи интересот за оваа мерка е најголем,  - вели директорката Марија Димитриевска.

    Со оваа мерка годинава ќе бидат опфатени 1.575 невработени лица, а огласот ќе биде отворен се` до исполнување на предвидената бројка.

    Дел од мерките коишто се покажаа како успешни минатата година и оваа година се содржани во Оперативниот план, а има и нови мерки.

    - Во оперативниот план предвиден е рекореден буџет од 1,45 милијарди денари, што е за 100 отсто поголем во однос на 2016 година. Со него се обезбедува вработливост за околу 12.000 лица. Предвидени се низа мерки коишто ќе обезбедаат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови места како и зголемување на вработливоста на невработените лица, со акцент на млади невработени лица и корисниците на гарантирана минимална помош. Дел од мерките се самовработување, предприемништво, програма за креирање на нови работни места, поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки на работно место и други, - додава Димитриевска.

    Во најскоро време ќе се објават и огласите за овие програми и мерки.