×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен трет конкурс за реонски попишувачи, за Куманово слободни 59 места

    18.03.2021 21:58 | KumanovoNews

    Државниот завод за статистика денеска објави трет дополнителен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи, кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

    Објавен трет конкурс за реонски попишувачи, за Куманово слободни 59 места

    Во Куманово се бараат 59 реонски попишувачи, од кои 49 на македонски јазик, тројца на турски и седум на српски јазик.  

    „Апелираме до сите заинтересирани лица да се пријават на конкурсот и на тој начин да придонесат во креирањето на сопствената иднина. Врвен приоритет на Државниот завод за статистика, покрај успешното спроведување на оваа најважна статистичка операција, е и нејзино безбедно спроведување од здравствен аспект. Уверуваме дека со доследно почитување на Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот, нема ризик од заболување. Исто така, за ангажманот лицата ќе добијат солиден надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија“, соопштуваат од Државен завод за статистика .

    Конкурсот ќе трае само два дена, односно од 18 до 20 март.

    Во останатите пет општини во Североисточниот регион пополнети се местата за реонски попишувачи.

    Условите на третиот јавен конкурс за попишувачи може да се видат ТУКА иако остануваат како и на претходните два. Лицата да се државјани на Македонија, да имат завршено средно образование и да се невработени, а како дополнителни услови се познавање со работа со компјутер и познавање на јазикот за оние места каде има потреба.

    Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање (проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на  работа со персонален компјутер).