×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавени повиците за субвенционирање на комунални услуги и трошоци за домување

    24.01.2024 08:49 | KumanovoNews

    Општина Куманово објави два повици, едниот за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и другиот за обезбедување помош за домување на материјално и станбено необезбедени граѓани.

    Објавени повиците за субвенционирање на комунални услуги и трошоци за домување

    На првиот повик правото за субвенционирање на трошоци за комунални услуги кој се однесува за сметките за вода и собирање на смет, може да го остварат лица со статус на стечајни работници кои не стекнале право на материјално обезбедување, самохрани родители, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, приматели на право на социјална сигурност на стари лица, лица кои се приматели на надоместок поради интелектуална или телесна попреченост, приматели на право за посебен надоместок на деца.

    Додека вториот повик е за покривање на трошоци за кирија, и ги предвидува лицата корисници на гарантирана минимална помош, материјално и станбено необезбедени лица - корисници на гарантирана минимална помошкои живеат на територија на Општина Куманово.

    Барањата за двата повика може да се преземат од сајтот на општината во делот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на деца и здравствена заштита како и во архивата на општина Куманово и на портирница  во зградата на  поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита).

    Повикот е отворен до 22 февруари 2024 година.

    Теодора Стоевска