Облека и обувки донираа жените од СДСМ
Форумот на жени на СДСМ денеска напладне ја спроведе акција „Дарувај од срце“, која е наменета за сиромашните семејства. Собраната помош, во облека и обувки, беше однесена во Црвениот крст Куманово.

Акција се организира во сите општини и населени места во Република Маќедонија.
Денеска точно напладне сите наши сопартијки, другарки и симпатизерки, како и хуманите граѓани, својот прилог во облека и обувки го донираа во партиските простории. Со оваа помош барем за малку ќе ги намалиме маките на социјално загроѕените семејства и за празниците ќе им ги стоплиме срцата. Постојано повторуваме дека секогаш може повеќе, но оваа помош е дадена од срце и со голема желба сите наши сограѓани да имаат подобро утре, - изјави Атина Мургашанска, координаторка на Форумот на жени.
Жените од партијата најавуваат дека и во наредниот период ќе следат слични акции за конкретни семјства во градот.