×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ОБСЕ со донација на СВР Куманово

    01.02.2010 15:41 | KumanovoNews

    Во СВР Куманово денеска беше предадена во употреба просторија за спроведување на настава и обука на полициските службеници. Просторијата е опремена со канцелариски мебел донација на ОБСЕ, а ќе биде биде доопремена со компјутерска техника, надгледни сретства и помагала неопходни за полициските обуки.

    ОБСЕ со донација на СВР Куманово

    ОБСЕ при крајот на 2009 година изврши обука на полициски персонал од нашите редови, кој ќе биде задолжен за спроведување на обуките со другите институции и стручни предавачи. Ние  изготвивме програма за настави и обуки за оваа година на целокупниот полициски персонал во сите одделенија на полицијата - вели началникот Љубомир Ѓурчевски.

    ОБСЕ ја обезбедува оваа помош за да помогне на МВР во организирање на локални обуки за своите вработени. Покрај совети таа содржи и конкретна матерјална помош.

    Освен мебелот што можете да го видите ќе донираме компјутери и учебници, односно програми за образование, а обучивме лице кое ќе ги врши обуките на локално ниво. Ваква помош ќе има се додека МВР бара од нас - вели Пауло Коста, раководител во одделеот за развоја на полицијата во ОБСЕ.

    Во 2010 година ќе продолжи со програмата на ОБСЕ за унапредување на соработката помеѓу полицијата и граѓаните како и на унапредувањето на обуката на полициските службеници

    Донација од ОБСЕ добиле сите осум Сектори за внатрешни работи во државата.