×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обуки за напредни ИТ вештини во Центарот за вработување во Куманово

    24.09.2019 11:03 | KumanovoNews

    Три јавни огласи за стекнување вештини од областа на информатиката и информатичката технологија, објави Центарот за вработување во Куманово, за невработените лица до 34 години, активни баратели на работа.

    Обуки за напредни ИТ вештини во Центарот за вработување во Куманово

    Целта на мерката е да се надградат вештините на младите во областа, којашто моментално е атрактивна на пазарот на труд и нуди добро платени работни места.

    За спроведување на oваа мерка обезбедени се 35 милиони денари или за четири пати повеќе во однос на минатата година, а опфатени се 1.253 невработени млади лица, на ниво на државата.

    Првиот оглас е за обуки за напредни ИТ вештини и невработените лица се стекнуваат со вештини од областа на информатика во неколку модуларни програмски пакети. Еден од јавните огласи опфаќа воведни обуки за ИТ вештини кои ќе се спроведуваат онлајн, а се поделени во изучување на две области: Mikrosoft и Adobe. Обуката за напредни ИТ вештини којашто ќе биде со ко-финансирање, 49 проценти е финансирана од страна на Агенцијата за вработување и 51 процент од спроведувачот на обуката е третиот повик објавен од Агенцијата“, -изјави Марија Димитријевска, раководител на Центар за вработување Куманово.

    Услов кој што треба да го исполнат невработените лица за да можат да аплицираат на овој повик е да се млади лица до 34 годишна возраст, невработени, активни баратели на работа и да имаат одредени предзнаења од областа на информатика, бидејќи е предвидено и пред-тестирање се` со цел за да можат успешно да ги совладаат овие обуки и да се стекнат со соодветни сертификати.

    Од Центарот за вработување ги повикуваат невработените што поскоро да поднесат апликации, бидејќи огласот за ИТ вештини се до крајот на годинава, односно до исполнувањето на предвидената бројка.